Фљамуртари ќе го кани Партизан на турнир во чест на Вокри во Приштина

Спортскиот директор на Фљамуртари од Приштина, Арбинор Морина изјави оти постои идеја за организација на меѓународен фудбалски турнир во чест на починатиот Фадил Вокри со учество на сите клубови во кој играл, вклучувајќи го и белградски Партизан.

Како гостин во емисијата „Слободно српски” на РТК, тој истакна дека турнирот би се организирал во јуни, на годишнина од смртта на Вокри, и дека би требало да бидат испратени покани до Партизан, до Фенербахче и до Ним.

Натпреварите би се одиграле на новиот стадион „Фадил Вокри” во Приштина. Вокри беше центарфор на белградските „црно-бели” од 1986 година до 1989 година. За репрезентацијата на поранешна Југославија одигра 12 меча и постигна шест гола.

Треба да знаете
Последни објави