Ангеловски: И во новото издание од Лигата на нации првото место во групата остнува главна цел

Македонската фудбалска репрезентација која во новото издание на Лигата на нации ќе игра во Ц сегментот, откако во првото издание како првопласирана во група од Д сегментот се избори за настап ранг погоре, денеска ги доби ривалите по ждрепката одржана во Амстердам. Македонија ќе игра со Грузија, Ерменија и Естонија. Македонскиот селектор Игор Ангеловски кој беше во македонската делегација на ждрпката за составот на групите смета дека групата е изедначена, но целта на „цр4вено-жолитите“ како и во минатото издание е да се победува на секој меч.

-Најискрено во овој момент сите мисли и целата концентрација ни е насочена кон натпреварот од полуфиналето во ова натпреаврување со Косово. Но, бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лига на нации, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место во групарта и повторно напредување. Во минатите квалификации многупати покажавме дека рамноправно се носиме со било кој противник, а така ќе биде и овој пат. На хартија противниците не се атрактивни, но  поседуваат квалитет. За мене е важно што ние не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода, изјави Ангеловски.

Македонија токму преку првото издание на Лигата на нациите како првопласирана во групата се избори за доигрување и евентуален пласман на прва завршница од ЕП-2020. Во два меча без право на поправен првиот предизвик пред своите гледачи ќе го има во Косово на 26 март, а ако го добие дуелот и претстојата решавачки 90 минути на гости со подбриот од дуелот Белорусија – грузија за пласман на завршницата од ЕП-2020.

Треба да знаете
Последни објави