(Видео) Грчката крајбрежна стража удира мигранти во чамец

На интернет се појави вознемирувачка снимка на која се гледа како грчката крајбрежна стража во водите во близина на Бодрум удира мигранти во чамец и ги спречува да ја преминат грчката граница, пренесува РТ.

Снимката ја споделиле турските власти, а на неа се гледа дека припадниците на грчката крјбрежна стража удираат во чамецот со нешто налик на метална шипка и го оттурнуваат. Во изјава за медиумите, турските власти посочуваат дека грчките граничари имале намера да го потонат чамецот.

Шокантната снимка се појави набрзо по објавувањето на извештајот дека при превртувањето на еден чамец со 48 мигранти  во близина на грчкото крајбрежје се удавило дете.

Турција го спречуваше протокот на мигранти кон Грција согласно спогодбата потпишана со ЕУ во 2016 година, но ги отвори границите поради ескалацијата на судирите во сириската провинција Идлиб, каде што во четвртокот загинаа повеќе од 30 турски војници.

Поради зголемениот прилив на мигранти, Атина во понеделникот вети дека ќе спроведе политика на максимално одвраќање и ја овини Анкара дека ги користи мигрантите за да изврши дипломатски притисок.

Треба да знаете
Последни објави