Германската полиција изврши рација во становите и домовите на 12 лица осомничени дека се членови на десничарската група која планирала напади врз мигранти и странци.
Осомничените се на возраст меѓу 19 и 57 години, а извршени се претреси во провинцијата Шлезвиг-Холштајн и другите делови на Германија, соопшти полицијата.
Според АП, 12 осомничени лица ја основале организацијата во јули, во градот Бад Сегеберг на северот на Германија, а за сите осомничени се знае дека поддржуваат екстремно десничарски ставови.
Осомничените отворено ја покажаа својата поддршка за екстремно десничарските групи, позирајќи на фотографии со симболи и пароли карактеристични за идеологијата.



