„Дали овде може да се направат далавери?“ – ова го соопшти преку видео-линк од Гермнанија во улога на сведок Ресмије Беслимовска за предметот Титаник 3, каде се обвинети двајца членови на ДУИ, за изборни нерегуларности Ејуп Алими и Исмет Гури за време на локалните избори во 2013 година во Чаир. Тие двајцата неколку пати влегле во канцелариите на општина Чаир, каде биле записниците и ги прашале членовите на изборната комисија да се направат далавери.
Беслимовска која не е во Скопје рече и дека Ејуп Алими и Исмет Гури земале неколку записници и по некое време ги вратиле.
-Ејуп Алими зема дел од записниците и ги сокри под палто. Не се сеќавам во што беше облечен. Бев многу исплашена и не реагирав никако. По некое време Гури и Алими се вратија во канцеларијата и ги донесоа записниците што ги зедоа. Вие знаете во каква корумпирана држава живееме, се плашев за себе и за семејството, затоа ништо не кажав. Како да реагирам јас кога тие беа силни во партијата, рече Беслимовска.
Обвинетиот Алими, понудил графолошко вештачење, каде се вели дека записниците не се поправени од него. Овој доказ го прифати обвинителката Фатиме Фетаи, но таа додаде дека нема да смени ништо во обвинението.
Судењето за Титаник 3, ќе продолжи на 16 март, кога ќе се кажат завршните зборови.



