И натпревар од ЛШ ќе се игра без присуство на гледачи

Коронавирусот кој го го запали „црвениот аларм“ во светот се повеќе ги загрижува и луѓе од УЕФА. Тие и покрај тоа што пркосеаа, сега почнаа да ги разгледуваат опциите за одлгање  на пријателските натпревари меѓу кои и во Лигата на нации, каде Македонија треба да игра полуфинале со Косово на 26 март. Се огласи и шпанското министерство за здравство со соопштение со кое побара од клубовите да ја почитуваат препораката да играат без присутво на гледачи.

Министерот за здравство на Шпанија побара натпреварот меѓу Валенсија и Аталанта да биде првиот во Лигата на шампионите кој ќе се игра без присуство на гледачи, а иста препорака е дадена и за дуелот меѓу Хетафе и Интер во Лига Европа. Шпнаците  ова го побараа бидејќи два италијански клуба доаѓаат од загрозениот регион на северот од земјата.

Треба да знаете
Последни објави