Нереди на протестите во Чиле, најавени повеќе демонстрации во март

На протестите во Чиле дошло до судир меѓу демонстрантите и полицајците, а една зграда е запалена.

По демонстрациите на плоштадот „Италија“ во Сантијаго, група демонстранти со качулки се судриле со полицијата на улиците што водат кон плоштадот.

Немирите потоа се рашириле во другите делови на градот.

Демонстрантите кренале и ги запалиле барикадите, блокирајќи ги важните патишта, по што полицијата ги растерала со употреба на солзавец и водени топови. Демонстрантите се судриле и со полицијата на протестите во Валпарис и Консепсион.

Повеќе протести се планирани во март во Чиле, вклучително и демонстрации на Денот на жената следната недела.

Кризата во Чиле започна во октомври 2019 година по зголемувањето на цената на билетот за метро.

Треба да знаете
Последни објави