Во подрумите на некои луѓе обично има пајаци или стаорци, но оваа жена ги надмина сите, коментира „Си-ен-ен“, споделувајќи вест за жена која со години чувала алигатор во својот подрум.
Минатата недела полицијата во подрумот пронашла израснат американски алигатор со должина од 5 метри.
„Никогаш не сум видел такво нешто во моите 17 години работа“, рече командирот на полицијата, Дарел Бренеман за Си-Ен-Ен.
Властите ќе го одведат 25-годишниот алигатор во засолниште во Јужна Каролина, каде ќе ужива во топлите временски услови.
Сопственичката на домот изјавила дека нејзиниот син го купил алигаторот на пазар пред 25 години и оттогаш го чувал во подрумот.
Животното е во добра состојба.
Алигаторите се забранети во Охајо, а истотака забрането е чување на хиени, лавови, тигри, мечки и неколку други диви животни.



