Боки останува во притвор, Апелација не ја прифати гаранцијата од 143.000 евра

Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на Бојан Јовановски-Боки 13 со која бараше да излезе од притвор за што нудеше и гаранција од 143 000 евра, потврдија од Апелација за „360 степени“.

Јавната седница, на која Боки и неговиот адвокат Сашко Дукоски бараа да се укине мерката притвор, се одржа во петокот. Тогаш првпат тие понудија гаранција во која спаѓаат куќа не негов прв братучед, проценета на околу 102 000 евра и еден локал – деловен простор во истата куќа во сопственост на неговата мајка, Јасминка Јовановска, со вредност од околу 40 000 евра.

Тој посочи дека не можат да подготват квалитетна одбрана додека Јовановски се наоѓа во притвор, како и дека поради здравствената состојба мора да има хигиенско-диететски режим кој не може да се спроведе во затворот во Шутка.

Боки, пак, тврдеше дека нема да избега, а на тројцата судии од советот во Апелација им порача дека се надева оти нема да се плашат од невкусниот речник на Русковска, алудирајќи на пораката што обвинителката им ја прати на судии од овој суд кога Катица Јанева беше пуштена во домашен притвор, а во која им напиша дека „ќе ги истресе од гаќи“.

Тогашниот Јовановски за Вилма Русковска рече дека не ја смета за надлежен јавен обвинител, туку за адвокат на две мафии во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави