Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во верижен судир во кој учествувале повеќе од 100 возила во Вајоминг, САД.
Несреќата се случила на автопатот „Интерстејт 80“ за време на снежното невреме, соопштија официјалните лица.
Но, во исто време, на автопатот во близина се случил друг верижен судир во кој учествувале околу 40 возила.
Околу 30 лица се пренесени во Итната болница во Раулинс, соопшти портпаролката Стефани Хинкл.
Официјални лица изјавија дека дополнително се повикани лекари и дополнително се испратени уште легла во малата болница во која може да се сместат најмногу 25 лица.
Во помалиот судир на I-80, оддалечен околу шест километри од првиот голем судир, повредени се најмалку седум лица. Едно лице е хоспитализирано во критична состојба.



