На 02.03.2020 во 12.30 часот на булеварот Филип Втори Македонски во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Е.Ш.(31) од село Шишево, скопско, кој се барал по потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за убиство и недозволено држење на оружје, дознава 24 Инфо.
Е.К. бил забележан на булеварот и кога му бил даден знак за застанување тој извадил пиштол и го вперил во полициските службеници, по што тие испукале два предупредувачки истрели во воздух и набргу потоа тој бил фатен и приведен во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.
Уапсениот се бара за убиство на А.А.(22) од Шишево извршено на 2 март лани во селото.Денеска околу 02 часот во СВР Скопје прјавено е дека во Клиничка болница „Систина” од страна на С.Т. (24) од с .Шишево биле донесени со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево.
Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ”, а пред нив се движело возило „Мерцедес”, управувано од Е.Ш. од с.Шишево, со кого .
На влезот во Шишево автомобил „мерцедес”, управуван од Е.П. застанал до патот, а по него запрело „бмв“, управуван од Г.А.(26), а во кој биле С.Т. (24) и А.А.(20) исто така од селото. Е.Ш. и Г.А. кои претходно имале расправиии, злегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А..
С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина”, каде А.А. починал.



