ЕХФ ги одреди термините за осминафиналните двобои меѓу Вардар и ПИК Сегед

ЕХФ денес ги одреди термините за осминафиналните двобои во Лигата на шампионите.Во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги вршат преносите од лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за осминафиналните дуели.

Актуелниот шампион Вардар првиот натпревар со Пик Сегед ќе го игра пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“.Натпреварот е закажан за 22 Март од 17часот,додека реваншот е закажан на 29 март од 17 часот во Сегедин.

Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето против победникот од средбата меѓу Висла Плоцк и Веспрем.

Треба да знаете
Последни објави