Ливерпул нареди и втор пораз

Актуелниот европски првак и лидер во англиската фудбалска Премиерлига Ливерпул откако ја прекина долгата низа без пораз, сега набрзина нареди два. По поразот во Премиер-лигата од Норвич, „црвените“ вечерва загубија од Челзи (2:0) и се елиминирани од ФА Купот на Англија.

Клоп реши да експериментира со составот, промени дури седум првотимци и на крајот го плати цехот со пораз.  „Црвените“ имаа шанси, да ја направат поинаква приказната но не успеаја да го најдат патот до мрежата на одличниот Кепа. За тоа ги казани Челзи со втор гол, а Клоп тогаш се освести дека нема шега ги уфрли во игра Фирмино и Салах, но веќе беше доцна да се избегне поразот.

Треба да знаете
Последни објави