Мајами подобар од Минесота, Дончиќ не погоди за победа над Чикаго

Чикаго Булс славеше тесна победа од 109:107 во „Јунајтед Сентр“ арената над Далас Маверикс во чиј состав се најде и Лука Дончиќ кој го пропушти претходниот дуел. Маверикс водеа до средината на третата четвртина кога Булс направија пресврт.

Хардавеј реализира 26 поени, додека словенечкиот ас запиша 23 поени, 5 скока и 9 асистенции. Кај славеничкиот тим се истакна Вајт со 19 поени. Далас е седми на Западот со 37-25.

Лидерот во источната конференција, Милвоки Бакс неочекувано одигра кастрастрофален натпревар во Мајами и загуби од поранешниот шампион со 105-89. Овој пораз за Бакси е само 9-ти оваа сезона, но и покрај истиот се недопирливи на лидерската позиција на табелата со дури 10 победи повеќе од шампионот Торонто.

Ланскиот најкорисен играч, Јанис имаше нок за заборав, постигна само 13 поени и беше дури шестти стрелец на натпреварот. Батлер со 18 беше најпрецизен во победничкиот табор, а солиден беше и Драгиќ со 15, додека кај Милвоки се истакна Лопез со 21 поен.

Неочекуван пораз забележа и Хјустон Рокетс, кој во „Медисон Сквер Гарден“ арената загуби од домашниот тим на Њујорк Никс со 125-123. Харден повторно беше на ниво и броеше до 35 поени, но ја немаше потребната поддршка од соиграчите. Кај Чикаго прв стрелец беше Барет со 27 поени.

Резултати:
Кливленд Кавалирс – Јута Џез 113:126
Орландо Меџик – Портланд Треил Блејзерс 107:130
Атланта Хокс – Мемфис Гризлис 88:127
Сан Антонио Спарс – Индијана Пејсерс 111:116

Треба да знаете
Последни објави