Денеска,фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за историскиот натпревар Македонија-Косово,полуфинале од плеј-оф фазата за пласман на европското првенство 2020година
Влезниците може да се купат преку продажната мрежа на Мк Тикетс и следните продажни места:
– Билетара на Национална арена „Тодор Проески“ (секој ден од 10:00 до 18:00 часот)
– T.A. Глобус – Охрид
– T.A. Бран – Прилеп
– Кафе бар „Концепт“ – Струмица
– Симбол Кафе – Штип
– Литература – Битола
– Киоск Корзо – Неготино
– Уни сон – Велес
– Тобако Лени + – Гевгелија
– Либеро Травел – Кочани
Влезниците се со цена од 300 и 400 денари за јужната и северната трибина,додека западната е наменета за навивачките групи кои организирано ќе го следат мечот.Едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа) и секој билет ќе биде персонализиран.
Според информациите кои доаѓаат од УЕФА нема да има одложување на натпреварот заради опасноста од корона вирусот.



