„Одговорно би било од сите нас во име на таа кауза која што ја споделуваме сите заеднички и за која што се бориме да внимаваме да не ги мешаме она што значи партиска агенда и борбата за каузата.“, одговори заменик-министерката за труд и социјална политика Санела Шкриељ, во денешното дебата на „Отворено“ на ТВ 24, на забелешките на пратеничката Затуроска дека имало напади на родова основа врз екс-министерката Мизрахи.
Шкриељ ја отфрли тезата посочувајќи дека критиките кон Мизрахи беа за непочитување на законот, е не затоа што таа е жена „Сите треба да си сме одговорни кон каузата што ја застапуваме и да внимаваме и отворено да посочуваме кога станува збор за родова дискриминација, а кога едноставно станува збор за непочитување на закони“, потенцираше Шкриељ.
„Факт е дека имаше период кога женската солидарност беше ослабната, Сите се согласуваме дека имаме јакнење на женската солидарност во последниот преиод, имаме некој консензус, дека без разлика на идеолошките разлики има некоја црвена линија, која што нема да дозволиме да се помине а тоа е таа дискриминација врз основа на род. Така што, има реакции и од клубот на жени пратенички“, посочи Шкриељ во однос на родовата дискриминација и говорот на омраза во јавноста.



