Џеки Чен демантираше дека има коронавирус

Информацијата што го привлече вниманието на светската јавност е дека славниот актер Џеки Чен наводно има коронавирус и е ставен во карантин.

За да ги отстрани сите сомнежи, херојот на многу акциски филмови објави на „Инстаграм“ дека е здрав.

https://www.instagram.com/p/B9EUcdplVsc/?utm_source=ig_web_copy_link

„Ви благодарам на сите за вашата загриженост! Сигурен сум и здрав и тоа многу здрав. Ве молам, не грижете се, не сум во карантин. Се надевам дека сите ќе останат безбедни и здрави“, напиша Џеки Чен на својот инстаграм-профил.

Пред неколку дена се појавија информации дека Том Круз е ставен во карантин поради коронавирусот. Имено, славниот актер престојува во Венеција каде што го снима продолжението на филмот „Невозможна мисија“.

Треба да знаете
Последни објави