Бритни Спирс во бело боди му го честита роденденот на момчето

Бритни Спирс (38) на Инстаграм сподели неколку секси и заводливи фотографии од неа и од нејзиното момче Сем Асгари, кој во понеделникот наполни 26 години.

„Среќен предвремен роденден на овој човек !!!!!“ напиша во наслов на фотографија на која двајцата гледаат директно во фотоапаратот, а рацете на Асгари се околу нејзината половина.

Со оваа објава Бритни го одбележа неговиот 26-ти роденден.

А на фотографијата таа е блечена во бело боди со длабоко деколте кое ги открива нејзините облини.

„Го обожавам и го сакам повеќе од сè… .. !!!! Среќен роденден @samasghari !!!!!!“

Облечен само во маскирни шорцеви, манекенот и личен тренер, исто така, изгледа заводливо на друга слика, се чини пред да ја бакне.

Тој одговори со објава на истите фотографии на својот Инстаграм профил, на кој напиша „Твојата насмевка е најубав роденденски подарок “.

 

Треба да знаете
Последни објави