ЛОИ во Токио одложени за крајот на 2020 година?

Летните олимписки игри во Токио, чие одржување е во прашање заради епидемијата на коронавирус, може да се одложат кон крајот на 2020 година.

Според информација на „Ројтерс“, организаторите не се оптимисти дека ќе успеат да гарантираат безбедност на сите учесници и навивачи, ако продолжи тенденцијата за ширење на вирусот.

„Според договорот, Олимписките игри треба да се одржат во текот на 2020 година. Ова може да се толкува како дозвола и за одложување на Игрите“, изјави Сеико Хашимото, прв човек на организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Токио.

Во Јапонија повеќе од 900 луѓе се заболени од корона вирус,а тенденцијата на раст на бројот на заразени продолжува.

Треба да знаете
Последни објави