Поп-пејачката Мадона го откажа концертот во Париз поради повреда, соопшти концертната сала каде што требаше да настапи во неделата навечер.
„Со жалење ве информираме дека вечерашниот концерт „Мадам Икс“ во Гранд Рекс е откажан поради повреди,“ се вели во соопштението објавено на интернет страницата на концертната сала.
Не е прецизирано дали пејачката ќе биде во состојба да настапи на вечерите кои следат. Таа во Париз требало да биде до 11 март во рамките на својата турнеја „Madame X Tour“, на која француската престолнина беше последна етапа.
Според париското списание Ле Паризен, на концертот во четвртокот Мадона покажувала знаци на слабост и проблеми во движењето поради пукнати лигаменти на коленото. Болката била толку голема што таа се расплакала, пишува весникот.

Поп ѕвездата (61) пристигна во францусакта метропола на 22 февруари и требаше да одржи неколку концерти во Гранд Рекс сè до 11 март.
Светската турнеја започна во Њујорк во септември. По концертите во САД таа продолжи во Европа – во Лисабон и Лондон. Париз е последна станица на турнејата „Мадак Икс“.




