Ден по протестот, што тој го организираше, албанскиот претседател, претседателот Илир Мета,оценува дека е преземен првиот чекор во исполнувањето на мисијата за враќање на целосниот суверенитет на албанскиот народ врз сите институции.
„Срдечна благодарност до сите албански браќа и сестри кои одговарија на повикот на претседателот на Републиката во одбрана на Уставот и против државниот удар кој се стреми кон мафијашко киднапирање на Уставниот суд. Вчера го направивме првиот чекор во исполнувањето на нашата мисија за враќање на целосниот суверенитет на албанскиот народ врз сите институции”, напша денеска Мета на Фејсбук.
Во својот говор на протестот,тој,пред албанското национално знаме се заколна дека доколку не се спроведе неговата уредба за преразгледување на законот за избор и давање заклетва на уставните судии, ќе го распушти парламентот по 15 март,со потпишување уредба за тоа, токму во зградата на законодавниот дом.
Инаку, со новиот закон,на кој Мета не стави потпис, му се одземаат надлежностите на претседателот на државата,со кои до сега тој имаше право да предложи судии во Уставниот суд а новозбраните членови на оваа институција даваа заклетва пред него.



