Фудбалскиот свет остана шокиран по веста дека Синиша Михајловиќ боледува од леукемија и дека ќе мора да подлежи на интензивни хемотерапии.
Синиша Михајловиќ по процесот на хемотерапија изгуби многу килограми но остана и без коса.Тоа беше причината што Михајловиќ изминатиот период цело време беше со капа.
Михајловиќ реши да ужива во семејството откако заврши уште една терапија и престој во болница,што резултираше со фотографија на која Михајловиќ немаше ништо на главата.
Тренерот на Болоња се покажа како голем борец и ги собра симпатиите со неговата борба против оваа болест.Синиша и покрај болеста собираше сили да ја води својата екипа Болоња на неколку натпревари во Серија А.



