Американскиот актер и режисер Тимоти Хатон е обвинет за силување од поранешната канадска манекенка Сера Џонстон.
Сера, која сега има 50 години, рече дека актерот ја злоупотребил кога имала 14 години, а наводниот напад се случил откако таа и двајца пријатели биле повикани во неговата хотелска соба кога го снимал „Ајсмен“ во Ванкувер.

Според Сера, актерот во тоа време ја допирал и ја бакнувал без согласност, a таа се обидувала да се одбрани и му велела „не мислам дека тоа е добра идеја“ и „мислам дека мајка ми не би била среќна поради ова“, но тој продолжувал иако таа го молела да престане.
Сера исто така рече дека актерот насилно ја соблекол, велејќи ѝ дека тоа ќе ѝ се допадне.
„Беше многу болно. Боже. Да, тоа беше крајно болно“, рече таа за „BuzzFeedNew“.
Тимоти е добитник на Оскар за најдобар актер во „Обични луѓе“.



