(Вознемирувачко видео): Објавено по две години како полицајци убиваат славна актерка

Полицијата на Северна Каролина објавила застрашувачка снимка на која се гледа како полицајците ја убиле актерката Ванеса Маркез, уште во август 2018 година.

На почетокот на снимката полициските службеници влегуваат во нејзиниот дом да ја проверат во каква состојба е. Пред тоа ги повикала и им рекла дека има напад. Полицијата тврди дека болничарите и експертите за ментално здравје разговарале со Маркез после тоа. Ја пронашле во спалната соба, затрупана со работи.

Полицајците ѝ рекле дека ќе ја однесат во најблиската болница на преглед, а тврдат дека тогаш земала пиштол, а тие се повлекле во приземјето на домот.

Додека тие ја молеле да го спушти пиштолот, Маркез им велела да ја убијат.

Тврдат дека почнала да пука кон нив, после што тие возвратиле и ја убиел. Полицаец кон неа испукал 8 куршуми, од кои два ја погодиле. Починала во болница.

Нејзиното семејство го тужи градот Јужен Пасаден, кој го смета за одговорен за нејзината смрт, пренедува АБЦ.

Маркенз имала 49 години, а глумела во серијата „Итна помош“.

 

 

Треба да знаете
Последни објави