Даниел Крејг доби торта 007 за својот роденден

Тој во понеделникот наполни 52 години.

Сепак, за Даниел Крејг славењето продолжи и во вторникот вечерта, кога му донесоа роденденска смокинг-торта во текот на специјалното прикажување на кратка ретроспектива на „Казино Ројал“ во Музејот за модерна уметност во Њујорк.

На специјалната проекција на еден од филмовите за британскиот таен агент, Крејг  беше облечен во црн костум и темна кошула.

Познатиот актер со сини очи својот изглед го комплетира со голем црн рачен часовник, и со црни кожени чевли.

Дејствието на серијата-ретроспектива, насловена In Character, започнува со бондовиот филм од 2006 година, „Казино Ројал“.

Проектот вклучува уште еден хајлајт од мандатот на Даниел како агент 007 – брлијантното влегување на Сем Мендез во тимот зад камерите во 2012 година, и филмот што следеше, „Скајфол“.

Треба да знаете
Последни објави