ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Претставниците на 27-те земји членки на ЕУ се согласуваат да ги продолжат индивидуалните санкции кон одредени руски граѓани и по 15 март, кога истекува рокот за важење на санкциите.

„Санкциите ќе бидат продолжени за уште шест месеци, беше решено без дискусија на состанокот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ и оваа одлука треба да биде официјално одобрена од Советот на Европа без одлагање“, пренесува ТАСС, цитирајќи ги претставниците на Советот на Европа.

Советот на Европа се очекува да ја потврди одлуката без расправа и да ја објави во „Службен весник“ на ЕУ.

Во 2014 година, ЕУ воведе санкции за граѓаните на Русија и Украина чии активности ги негираат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

Досега 171 лица, вклучително Руси и Украинци, се под санкции, 44 правни лица, главно извршни тела или воени структури во Доњецк и Луганск.

Треба да знаете
Последни објави