Луфтханза приземји 150 авиони поради коронавирусот

Германскиот авиопревозник Луфтханза денеска соопшти дека ќе приземји 150 од своите над 750 авиони низ целиот свет, поради ширењето на новиот коронавирус.

„Дваесет и пет авиони за долги дестинации и 125 летала што сообраќаат на кратки и средни далечини” веќе нема да извршуваат летови, изјави портпаролот на групата, во која се Еуровинг, Аустриан и Свис .

Акциите во Луфтханза паѓаат во последниве денови најверојатното поради влијанието на Ковид-19 врз секторот за воздушен сообраќај.

Во понеделникот, Луфтханза соопшти дека ќе го намали планот за летови за 25 проценти, особено на кратки и средни релации, вклучително и до области погодени од Ковид-19 во Италија, но и во Германија.

Треба да знаете
Последни објави