Мицкоски: ВМРО ДПМНЕ ќе се залага за откочување на патот кон ЕУ и наша интеграција во европското семејство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Ласло Дукс. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска ситуација во државата, претстојните предвремени парламентарни избори и европската перспектива на Македонија.

Мицкоски на средбата истакна дека високата корупција како и бројните афери без завршница поврзани со функционери од актуелната власт претставуваат сериозна кочница на Македонија.  Мицкоски ја афирмираше заложбата на ВМРО ДПМНЕ за откочување на патот кон ЕУ и наша интеграција во европското семејство.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека власта наместо да биде фокусирана на исполнување на реформите и подобра економија и инфраструктура, целата енергија ја посвети на политички пазари со цел амнестијата за криминалите изминативе години.

Мицкоски потенцираше дека после 12 април владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ забрзано ќе работи на исполнување на клучните реформи и ќе воведе економски мерки со кои ќе ги доближи македонските граѓани до европскиот стандард.

На средбата беше посочена и одличната соработка помеѓу Македонија и Унгарија  и беше нагласено дека во иднина постои простор за уште поголема соработка како на економски така и на научен план.

Треба да знаете
Последни објави