Панчев избран во идеалниот тим на сите времиња на Црвена звезда

Македонскиот фудбалер на минатиот век, носител на „златната копчка“ на Европа, гол-мајсторот Дарко Панчев се најде во идеалниот тим на сите времиња кај поранешниот европски првак, белградска Црвена звезда, според читателите на интернет-страницата „Србија денес“. Српскиот шампион Црвена звезда слави 75. роденден, па по овој повод  се организираше анкета се изберат најдобрите играчи кои го носеле „црвено-белио“ дрес. Дарко Панчев кој беше стрелец на решавачкиот пенал во „рулетот“ за да се освои европската круна во Бари прптив Олимпик Марсеј е преедводника на нападот заедно со Душан Савиќ.

Меѓу најдобрите имаше место и за Драган Џајиќ, Роберт Просинечки, Драгослав Шекуларац, Драган Стојковиќ – Пикси, Синиша Михајловиќ, Бранко Станковиќ, Немања Видиќ, Миодраг Белодедиќ и Владимир Беара.

Треба да знаете
Последни објави