Преименувањата на училиштата е незаконски, а потпалувачите на билбордите ќе одговараат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара одговорност од потпалувачите на  билбордите низ градот на кои се гледа како лидерот на СДСМ Зоран Заев носи „Луј Витон“ чанта.

-Не можам да се сложам дека е оцрнување, тоа е констатирање на реалноста. Ние ја констатираме реалноста каде што лидерот на партијата во својство на градоначалник на една општина самиот го кажува тоа што го пишува на билбордот. Ако ние сме земја која ќе биде дел од ЕУ, а нашите опоненти не можат да да ја истрпат критиката, тогаш како може да зборуваме за демократски избори. Освен што се бојадисуваа тие билборди, дури вчера и се палеа. Полицијата фати млади луѓе како ги палат билбордите. Порачувам тие млади луѓе да не веруваат слепо на наредбодавачите ,затоа што ќе има одговорност за сите после 12 април. Нека се сетат на сликата, како Катица Јанева се појавува со качулка, а Зоран Заев се откажува од неа. Тој ќе има имунитет во парламентот, а тие не. Овие луѓе нека не слушаат наредби од луѓе кои ќе понесат одговорност по 12 април, ова е порака од мене до сите тие луѓе, рече Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/648829269213792/?t=2179

Во однос на летоците кои пред неколку дена се појавија во неколку општини во Скопје на кои лидерот на опозициската партија се изедначува со неговиот претходник Груевски, Мицкоски рече дека тоа што се прикажувало не било точно и дека граѓаните добро знаеле да направат разлика и на кого ќе му ја дадат власта на изборите.

Мицкоски за преминувањето на училиштата рече дека Зоран Заев направи луѓето да се чувствуваат како граѓани од втор ред во Македонија.

-Инаку, апсолутно нашата советничка група во рамките на советот на општината гласаше против. За нас ставот е дека тоа е направено на незаконит начин, начин на кој што се силуваат процесите во државата и сето ова се случува во предизборен период кога јавноста е сензибилизирана,  кога граѓаните се сензибилизирани. Апсолутно не ја гледам потребата вакви работи да се прават сега кога навистина никој нема од сета оваа работа полза. Едноставно се доведуваме сите ние во една таква позиција, кога ќе треба  практично зборуваме на теми кои што не се добри, ниту за една етничка заедница која што е во Македонија. Она кое што сум го кажал во минатото ќе го повторам и денеска, Зоран Заев со неговото однесување скандалозно направи најголемата етничка заедница во Македонија, македонскиот народ се чувствуваат граѓани од втор ред во сопствената држава.

Треба да знаете
Последни објави