Саудиска Арабија го забрани аџилакот во Мека поради коронавирусот

Саудиска Арабија го забрани аџилакот во Мека поради страв од ширење на коронавирусот, објави денеска државната новинска агенција, повикувајќи се на неименуван официјален претставник од Министерството за внатрешни работи кој ја најави забраната.

Засега не се наведува колку долго ќе трае забраната.

Саудиските власти минатата недела ги затворија светите исламски места за странски верници поради Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави