Уредникот на Инфомакс осуден на условна затворска казна

Главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски е осуден на шест месеци затвор условно, која ќе се активира ако во наредните две години го повтори делото. Митовски беше обвинет за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев за случајот Рекет.

-Јас само од тука можам да порачам дека апсолутно сум горд на ова што го работам, можам да кажам само дека нема да престанам ова да го работам иако како што најави судијката Љубинка Башевска за која што добивме информации дека добивала и нарачки за пресудава, а и некои друг мои колеги ги објавија овие информации, таа ја исполни нарачката, а ја и порачувам побрзо да ја унапредат како награда за ова што таа денес мене успеа да ме осуди на 6 месеци условно.Ова е срамота, срамен ден за Македонија, за слободата на говоро, за слободата на медиумите и човековите права, вели Митовски.

Треба да знаете
Последни објави