Филипче за „Шпанско село“: Смешни се обвинувањата од ДПМНЕ, таква опција нема да се врати

Откако портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски го обвини министерот за здравство, Венко Филипче дека бил косопственик на парцели во аферата „Шпанско село 2“, Филипче ги отфрли тие обвинувања.

-Тоа се класични лажни вести и создавање на лажна слика за која не знаеме што зборуваме. Тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што немаат сериозни аргументи да дискутираат. Јас не очекувам ништо друго од нив освен лажни вести и обвинувања. Не постои неврохирург во развиена западноевропска земја кој крпел глави на лидери на политички партии затоа што некој друг сакал да им го одземе животот. Такви колеги јас не сум сретнал, а ние тоа го имавме во нашиот парламент. Таква опција нема да се врати и тие ќе продолжат со лажни вести. Смешни се обвинувањата, а ние продолжуваме со сериозни политики, истакна Филипче.

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/188828602422533/?t=734

Треба да знаете
Последни објави