(Видео) Километарски редици пред болниците во Јужна Кореја

Јужна Кореја објави 516 нови случаи на инфекција со коронавирус, по што илјадници чекаат во ред да купат маски, но и пред болниците за да бидат тестирани за смртоносниот вирус.

Најгоемата епидемија надвор од Кина почна во градот Даегу.

https://twitter.com/jrockvskpop2/status/1234880089764106240

Вкупниот број на заразени лица во Јужна Кореја сега изнесува 5.328 лица, со најмалку 32 смртни случаи, објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.

Повеќето од заразените се во и околу Даегу, четвртиот по големина град во земјата, каде вирусот се рашири многу брзо преку членовите на една христијанска секта.

Вкупно 92,000 луѓе во 70 земји заболеа од коронавирусот ширум светот, а досега, 3.200 лица подлегна на инфекцијата.

Треба да знаете
Последни објави