Во Брисел, вонреден состанок на министрите на ЕУ поради мигрантите

Министрите за внатрешни работи на ЕУ се состануваат на вонреден Совет на ЕУ во Брисел, по повод ескалацијата на безбедносната состојба на границата помеѓу Турција и Грција.

Европската комисија побара итен состанок за да се усогласат позициите и ставот на ЕУ на новиот бран мигранти кои се обидуваат да влезат во Европа преку Турција.

„Вонредната средба ќе биде можност да се донесат мерки за поддршка за Грција“, најавено е во Брисел.

Претставниците на ЕУ велат дека Европа нема да дозволи уцени и ја повикуваат Турција да се врати на „нормалното“ спроведување на Договорот за мигранти од 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави