Денис Шмигал нов премиер на Украина

Украинскиот Парламент го назначи Денис Шмигал за нов премиер, откако Олексиј Хончарук поднесе оставка во понеделникот.

За новиот премиер гласаа 291 пратеник, а за неговиот избор беа потребни 226 гласови. Досега, Шмигал ја извршуваше функцијата вицепремиер.

Пратениците на Врховната Рада со големо мнозинство ја прифатија оставката на актуелниот премиер Хонарчук, чија работа изминативе неколку месеци беше остро критикувана од претседателот Володимир Зеленски. За прифаќање на оставката на Хонарчук гласаа 353 пратеници додека 40 беа воздржани.

Треба да знаете
Последни објави