Европската агенција за одбрана (ЕДА), со седиште во Брисел, ги откажа сите состаноци планирани во нејзиното седиште до 13 март како мерка на претпазливост откако европските институции и прес-службата на ЕДА утринава информираа дека е потврден првиот случај на заразен со коронавирус во агенцијата, пренесува РТ.
„Имаме потврда за случајот“, рече портпаролката на ЕДА, Дејна Спинант, додавајќи дека заразениот службеник неодамна се вратил од патувањето во Италија.
Агенцијата, исто така, ги откажа и сите надворешни состаноци до средината на март.
Според информациите на „Еурактив“, по неговото враќање од Италија, функционерот на ЕДА имал средби со околу триесетина други вработени во институциите на ЕУ.
Еден член од неговото семејство, припадник на воениот персонал на Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС) кој присуствувал на истиот состанок, развил симптоми и ги чека резултатите од тестовите. Од ЕЕАС потврдија и дека присутните на состанокот имале неколку состаноци потоа и патувале во странство.