На Дуковски не му се допадна сведочењето на хирургот што го оперираше Боки, па го прогласи за непријателски сведок

Хирургот Тони Јосифовски од „Аџибадем Систина“ денеска сведочи на рочиште во „Рекет“, како сведок на одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13, но во текот на сведочењето адвокатот Сашо Дуковски го прогласи за непријателски сведок.

Јосифовски објасни дека како хирург работи десет години, а дека Боки го знае околу две години и оти два пати му извршил оперативен зафат за намалување на телесната тежина која првично била 135 килограми, а Боки сакал да има 70 килограми.

-Едниот зафат беше за намалување на килажата, а другата беше естетска. Тој беше многу задоволен дури и предложи и други луѓе што сакаат да го стори. Боки имаше 130 килограми, а сакаше да има 70, објасни хирургот.

Лекарот рече дека прво се сретнал со Боки во „Аџибадем Систина“, а имал средба со него и надвор од болницата и тоа во кафулето „Лајф кафе“ и во домот на Боки.

По ова Дуковски побара вкрстено да го испрашува Јосифовски со оглед на тоа што го прогласи за непријателски сведок, но не образложи зошто.

Тој го праша хирургот дали ги познава Катица Јанева и Зоран Милески Кичеец, а тој одговори „да“, но на прашањето дали Камчев барал од него Јанева да се оперира во болницата и таа операција да се изврши преку други влезови, Јосифовски рече дека немало инистирање.

Сведокот потврди дека вршел интервенција врз Јовановски во домот на Камчев и објасни дека пациентот не сакал да доаѓа во болницата, па во домот на Камчев се вршеле преврски откако кај оперираниот се појавил декубит.

Јосифовски му одговори на Боки дека тој ја терал Јанева да се оперира, а не тој, како што праша обвинетиот. Јовановски го праша хирургот Јосифовски дали во јануари 2019 година лекарот му донел дома торта, а лекарот одговори потврдно. Потоа Јовановски го праша дали тогаш бил заедно со Ана Камчева, а хирургот одговори „тоа е ноторна лага, не“.

На прашање на Јовановски лекарот рече дека се знае со обвинителката во предметот, Вилма Русковска со која некогаш оделе и на ручек во ресторани.

Освен лекарот, како сведок на одбраната е предложен и Стојан Арсовски кој ми бил возач на Јовановски.

Треба да знаете
Последни објави