Непал го покани руското Министерство за одбрана да се искачи на Монт Еверест

Непалското Министерство за одбрана ја покани руската војска да се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, подоцна годинава како дел од меѓународен тим кој ги вклучува и Кина, Индија и САД, изјави амбасадорот на Непал во Русија, Риши Рам Гимире, пренесува „Спутник“.

„Непалското Министерство за одбрана испрати покана до руското Министерство за одбрана годинава да се искачи на Монт Еверест. Мислам дека ќе се согласат. Ова може да се случи во мај. Од крајот на април до крајот на мај е добро време да се искачиме на Монт Еверест . Другите месеци од годината се помалку погодни “, рече Гимире, додавајќи дека Непал чека одговор на Москва на поканата испратена пред еден месец.

Според дипломатот, Катманду поканил и неколку други држави да го искачат Монт Еверест како симбол на пријателството.

„Ги поканивме и армиите на Индија, Кина и на САД. Тоа ќе биде меѓународно искачување. Покрај тоа, бесплатно е. Нашата војска ќе се погрижи за сите трошоци“, рече Гимире и додаде дека трошоците за тим од 20-25 луѓе би бил повеќе од 50.000 американски долари.

Со 8.848 метри височина, Монт Еверест е највисокиот врв на светот и се наоѓа во подопсегот Махалангур Химал од Хималаите. Качувањето на планината трае просечно еден месец.

Треба да знаете
Последни објави