Позитивен извештај од Холандија: Северна Македонија постигна дополнителен напредок за преговори со ЕУ

По извештајот на Европската комисија во кој беа позитивно оценети реформите во правосудството, позитивен извештај стигна и од Делегацијата на Постојаниот комитет за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија која ја посети земјава во февруари годинава.

Од последната посета во мај 2019 година, известувачот констатира дека Северна Македонија постигнала дополнителен напредок кон започнување на преговорите за пристап во ЕУ.

Во извештајот е нотирано дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во прилагодувањето на домашната политика и законодавството во согласност со правото на ЕУ. Извештајот потенцира дека, околу 34 проценти од европските правила од регулативите и директивите во областа на правдата и внатрешните работи се веќе имплементирани во домашното законодавство. Исто така , во извештајот се констатира дека во Република Северна Македонија е забележана суштинска мотивација и убедлива посветеност на реформите од страна на власта.

Според известувачот, усвојувањето на Законот за Јавното обвинителство е импресивен резултат, кој овозможил продолжување на истрагите, но и дека законот не содржи скриена амнестија која ќе им овозможи на одредени (поранешни) политичари да избегнат истрага.

Овој позитивен извештај се очекува да биде основа на дискусијата во Холандскиот парламент за проширувањето на ЕУ на Балканот.

Треба да знаете
Последни објави