Студент од Азија претепан во центарот на Лондон: „Не го сакаме твојот вирус тука“

Дваесет и тригодишен студент од Сингапур кој живее во Лондон, на Фејсбук опиша како во тој град преживеал расистички напад.

Џонатан Мок објави дека на 24 февруари го нападнала група луѓе на улицата Оксфорд во самиот центар на Лондон.

„Еден од мажите кои ме нападнаа рече:„Не го сакам твојот коронавирус во својата земја“. Ме удираше во глава, бев покриен со крв која течеше од носот“ напиша Мок.

Тој тврди дека лекарите му рекле дека има неколку фрактури на лицето и дека најверојатно треба да се оперира. Лондонската полиција потврди дека нападот се случил и дека во тек е истрага. Како што вели полицијата, се истражува расно мотивиран напад.

Мок пак вели дека со недели трпи малтретирање само затоа што е од Азија. Неговиот случај не е единствен. Како што пишува Си-ен-ен, во Велика Британија од избивање на епидемијата на коронавирусот, забележани се повеќе напади на лица со потекло од Кина и останатите делови на Азија.

Треба да знаете
Последни објави