Таравари најавува промена кај Албанците на 12 април

Се наоѓаме 38 дена пред многу очекуваниот ден кога промената ќе се случи кај Албанците, 12 април. Ние постојано сме на теренски активности во земјава и во дијаспората, од каде гледаме многу позитивно влијание, голема подготвеност од нивна страна за на 12 април заедно да ја направиме промената, промената што ја очекуваат Албанците 18 години, промена што не се случи од 2002 година. Ја користам оваа можност да им честитам на сите кои веќе наполниле 18 години, кои ќе имаат право на глас за прв пат, дури и имаат привилегија со нивниот  прв даден глас да ја донесат промената.

Досега имало многу случаи кога мнозинството граѓани не знаеле дали се запишани во избирачките списоци, затоа ги повикуваме сите граѓани да пристапат на веб-страницата на Државната изборна комисија и да видат дали се регистрирани или не. Ги замолувам да ја искористат оваа можност, и да не им остане тоа за денот на изборите.

Исто така, со цел да им помогнеме на граѓаните ангажиравме три телефонски броеви за сите кои имаат потреба од логистички услуги, во случај да не можат самите да се снајдат, тие броеви стојат на располагање за евентуална помош со цел да се избегнат можните проблеми. Исто така ја искористувам оваа прилика да ве известам вас, како и сите граѓани на Северна Македонија, дека сега по коалицијата СДСМ-БЕСА, знаеме дека членовите на изборните комисии се состојат од двајца членови на македонските политички партии и две од албанските партии. Албанските партии кои имаат членови на комисијата се ДУИ, а членовите што ги има Движењето БЕСА (се надевам) ќе и припаѓаат на албанската опозиција, а тоа е Алијансата за Албанците, па затоа го доставивме нашето барање до ДИК и се надевам дека ќе добиеме одговор денес или утре.

Ние, исто така, ги информиравме членовите на ОБСЕ-ОДИХР така да чекаме официјално Алијанса за Албанците и Алтернатива, како дел од коалицијата да ги достават своите имиња до комисијата. Сите овие имиња ќе бидат доставени до општинските комисии, како и до ДИК.

Треба да знаете
Последни објави