Уште двајца турски војници загинаа во Сирија

Уште двајца турски војници загинаа во северозападна Сирија при напад на сириските владини сили, соопшти турското Министерство за одбрана, еден ден пред рускиот и турскиот претседател да се состанат на разговори за прекин на огнот.

Конфликтот во регионот Идлиб, поради кој се иселија речиси милион луѓе, деновиве се засили меѓу сојузничките бунтовници од една страна и сириските владини сили поддржани од Москва и Техеран од друга страна.

Борбата за Идлиб, која претставува последна голема област контролирана од бунтовниците на северозапад, може да ја предизвика, според Обединетите нации, најголемата хуманитарна криза од почетокот на деветгодишната граѓанска војна во Сирија.

Треба да знаете
Последни објави