Тројцата пациенти кои вчера се јавија на Инфективната клиника со сомнежи за коронавирусот имаа негативни тестови, и тестовите беа негативни, а едиствената пацинтка која е задржана на Инфективна е добра, секој ден се подобрува, рече министерто за здравство Венко Филипче. Тој потврди дека во изминатото деноноќие нема пацинети кои се тестирани за коронаворусот.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/188828602422533/?t=705
Патниците со авионите на „Визер” од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен локатор – карта што е уште еден чекор во превенирањето и регистрирањето на евентуално заболени од коронавирусот кои доаѓаат во државава. Патниците, како информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, ќе ги пополнуваат прашалниците во авионите и тоа е стандарна процедура при вакви ситуации.
Филипче информира дека бројот на заразени во европскиот регион е 3.365 пациенти и дека нови земји во кои е проширен вирусот од вчета се Андора, Летонија и Португалија.
– Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од „Визер” од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен локатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците, рече Филипче.
Патниците, како што појасни министерот, ќе остават податоци на која адреса престојуваат и доколку после одреден број денови се јави некој патник со симптоми ќе биде лесно да се најдат сопатниците кои што седеле неколку редови пред и зад тој патник во авионот.