Експлозивна направа вечерва околу 19:30 часот била активирана под автомобил во Подгорица.
Како што јавуваат црногорските медиуми, едно лице е загинато, а уште едно е тешко повредено и е префрлено во Ургентниот блок на Клиничкиот центар на Црна Гора.
Од ескплозијата уште едно возило било зафатено од пожар.
Две екипи на противпожарната служба пристигнале на местото, но и полицијата која врши увид.