Вишка: Училиштата не треба да носат имиња на членови на УЧK

Познатиот македонски актер и директор на Гостиварскиот театар, реагира за последниот потег на Министерството за образование за преименување на две училишта во скопската населба Чаир.

Тој на Фејсбук напиша дека е против новите имиња на училиштата кои се преименувано во „Имри Елези“ и “Исмаил Кемали“, за што смета дека училиштата треба да носат имиња на научници, просветители, писатели а не имиња на политичари и маченици, односо членови на УЧК кои загинале за време на воениот конфлик во 2001 година.

-Знам дека зборувам со луѓе од минатиот век, но … училиштата треба да носат имиња на научници, наставници, писатели и поети… има многу објекти, паркови и улици и сл., кои би биле почестени со имињата на политичарите и маченици. Малку повеќе почит за интелигенцијата и … логиката. Да. Логиката, напиша Вишка.

https://www.facebook.com/visarvishka1/posts/10157070894185814

Треба да знаете
Последни објави