Кооснавачот на „Епл“ се сомнева дека тој е првиот пациент кој го пренел коронавирусот во САД

Коосновачот на „Епл“, Стив Вознијак, објави дека тој и неговата сопруга би можеле да бидат првите пациенти кои го пренеле коронавирусот во САД. Тој објави на „Твитер“ дека со сопругата Џенет биле на патување во Азија и дека се вратиле во САД на 4 јануари и дека ги имале симптомите на вирусот.

Вознијак за „Ју-ес-еј тудеј“ рекол дека тие не биле тестирани на коронавирус и не знаат дали го имале.

„Кога денес би ги имал истите симптоми, сигурно би бил тестиран на коронавирус и би биле ставени во карантин“, им рекол Вознијак на новинарите. Тој вели дека го контактирал Центарот за контрола и превенција на болести, но од таму го советувале да ги мие рацете и дека не сакале да го тестираат бидејќи и тој и Џенет веќе немаат никакви симптоми.

Откако твитот на Вознијак вознемири многумина, тој рекол дека изразот „нулти пациенти“ бил своевидна шега, додавајќи дека тие имале и симптоми кои не се карактеристични за коронавирусот. На неговата сопруга лекарите ѝ дијагноситицирале инфекција на синусите.

„Сега нема начин како да дознаеме дали сме биле заразени со коронавирус. Поминаа два месеци од инфекцијата и еден месец без симптоми“, рекол Вознијак.

Треба да знаете
Последни објави