Крузерот МСЦ Опера со 2000 патници во карантин во Грција

Крузерот МСЦ Опера со 2.000 патници е ставен во карантин во близина на грчкиот брег, откако беше откриено дека пред две недели на него престојувал турист позитивен на новиот коронавирус.

На сите патници им било речено да останат на криузерот, откако итно биле повикани од излет во Атина, поради, како што им било кажано, безбедносни проблеми, пишува британскиот весник „Сан”.

Во писмото до патниците на капетанот Питер Еспозито се наведува дека тој штотуку дознал и сакал веднаш да знаат дека им се обратиле австриските здравствени власти, кои ги информирале дека минатата недела на бродот бил патник кај кој е утврдено присуство на Ковид-19.

Мажот од австриска националност го напуштил бродот во Џенова на 28 февруари и сега е во Австрија.

По комуникацијата со грчките здравствени власти на крузерот му било дозволено да го продолжи патувањето кон островот Крф.

Треба да знаете
Последни објави