Новиот систем на „Алибаба“ открива коронавирус за неколку секунди

Кинескиот технолошки гигант „Алибаба“ неодамна разви систем со вештачка интелигенција за дијагностицирање на коронавирусот. „Алибаба“ тврди дека новиот систем може да открие коронавирус со помош на скеновите од компјутерската томографија на градите на пациентите со 96 отсто точност. Потребни се само 20 секунди за вештачката интелигенција да постави дијагноза. Според извештајот, на луѓето им се потребни околу 15 минути за да ја дијагностицираат болеста бидејќи може да има над 300 слики за процена.

Системот тренирал на слики и податоци од 5.000 потврдени случаи на коронавирус и веќе е тестиран во болниците низ цела Кина. Најмалку 100 здравствени установи во моментот работат со вештачката интелигенција на „Алибаба“.

Преземено од „Факултети.мк

Треба да знаете
Последни објави