Од коронавирус во светот заболени 92.000 лица, 2.500 во Италија

Вкупно 92.000 луѓе во 70 земји од светот се разболеле од коронавирус, а досега, 3.200 лица подлегнале на инфекцијата, објави „Си-Ен-Ен“.

Најголем број на новодијагностицирани пациенти има во Иран – вкупно 2.700, а 77 починаа досега.

Во Јапонија, 990 луѓе биле заразени со коронавирус, а досега починале 12. Најголем број биле на крузерот „Diamond Prinses“, кој со недели беше во карантин е во пристаништето Јокохама.

Во Кина, регистрирани се околу 80.000 случаи на коронавирус, вкупно 2.980 луѓе починаа, а во Јужна Кореја 5.300 случаи на заразени.

Од европските земји, во Италија има најголем број заболени, вкупно 2.500 и 79 кои досега подлегнале на оваа болест.
Потврдени се 466 нови случаи на вирусот, јавуваат медиумите.

Во Франција потврдени се 212 случаи, Германија 203, Шпанија 165, Швајцарија 58, Велика Британија 51, Норвешка и Шведска по 30.

Треба да знаете
Последни објави